Апартман 1

Луксузен апартман во срцето на Скопје Уживајте во престој во модерен и комфорен апартман сместен во самиот центар на Скопје, на само неколку чекори од Плоштад Македонија. Од апартманот се пружа прекрасен поглед кон реката Вардар, а сите најпознати знаменитости се на дофат. Старата скопска чаршија, Камениот мост, бројни ресторани, кафулиња, продавници и трговски центри се на само неколку минути пешачење, што ви овозможува целосно да го доживеете духот на градот без потреба од автомобил. Апартманот е целосно опремен со удобна спална соба, модерна кујна, брз Wi-Fi, клима уред и сè што е потребно за пријатен и безгрижен престој. Без разлика дали доаѓате туристички или деловно, ова е идеалното место за престој и истражување на убавините на Скопје.
Содржини
- Бесплатен Wi-Fi
- Телевизор
- Тераса
- Сопствено бањо
- Дозволени миленици
- Греење
- Работен простор